Владимир Путин/Фото: EPA/SERGEI ILNITSKY

Нема да има пукање за Велигден – Путин најави празнично примирје

Рускиот претседател Владимир Путин најави едностран прекин на огнот по повод православниот Велигден, кој треба да трае од 16 часот во сабота, 11 април, до крајот на недела, 12 април, објави Ројтерс.

Според соопштението од Москва, во тој период непријателствата ќе бидат прекинати на сите боишта. Русија наведе дека очекува и Украина да постапи на ист начин и да прогласи примирје.

„Владимир Путин му нареди на министерот за одбрана Андреј Белоусов и на началникот на Генералштабот Валериј Герасимов за време на велигденските празници да ги прекинат воените операции на сите подрачја на т.н. Северен воен округ. Во пресрет на православниот празник Велигден (Светлото Христово Воскресение), се прогласува прекин на огнот од 16 часот на 11 април до крајот на денот на 12 април“, соопшти Кремљ.

Единиците добиле инструкции да останат подготвени да одговорат на можни непријателски провокации, се додава во соопштението. Се чека одговорот на Украина.

Да потсетиме, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави пред три дена дека стои зад предлогот упатен до Русија за прекин на огнот за Велигден, под услов Москва да ги запре сите напади врз енергетската инфраструктура.

Зеленски рече дека предлогот ѝ е пренесен на Москва преку Соединетите Американски Држави. Исто така, нагласи дека заедно со американските преговарачи продолжува работата на безбедносните гаранции, кои ги нарече клуч за траен мир.

„Ако Русија е подготвена да ги запре нападите врз нашата енергетска инфраструктура, ќе бидеме подготвени да одговориме со иста мерка“, изјави тој. „Овој предлог е пренесен на руската страна со посредство на Американците“.

Зеленски е подготвен за средба со Путин, но таа да биде надвор од Москва

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот