Неколку прекрасни работи кои ви се случуваат кога имате деца

Сите велат дека животот станува поубав кога ќе добиете деца. Оние кои имале можност до сега да уживаат во тоа ви порачуваат дека овие неколку прекрасни работи ве чекаат и вас кога ќе се решите на ваков чекор.

  1. Ќе станете похрабри. Овозможување удобност за мало детенце бара напор и успехот во тоа ќе ве направи похрабри.

2. Сексот станува подобар.

3. Ќе научите многу подобро да управувате со времето, затоа што ќе го немате во големи количини.

4. Станувате повеќе продуктивни. Се трудите да завршите што е можно повеќе обврски во што е можно помал период.

5. Повеќе ќе се смеете, но и повеќе ќе плачете.

6. Повеќе се трудите за работите кои ви значат, како на пример сигурноста на детето, излегувањето со сопругот или сопругата или квалитетен сон.

7. Ќе престанете да се грижите за работите кои не се важни како оние од претходната точка.

8. Ако вашите родители ви помагаат, ќе ги цените уште повеќе.

9. Излегувањата со партнерот ќе бидат многу поинтересни затоа што се и поретки.

10. Ќе почнете повеќе да се грижите за своето здравје затоа што на вашето дете му треба жив и здрав родител.

11. Домот ќе ви биде полн со сите бои. Такви се детските играчки.

12. Ќе сфатите дека мултитаскингот е многу тежок, но ќе го совладате.

13. Ќе сфатите дека нема ништо лошо во тоа да побарате помош.

14. Ќе видите кои ви биле вистински пријатели. Некои ќе сфатат дека немате доволно време за нив сега кога имате деца за одгледување, а други нема да сфатат. Но тоа ќе направи повеќе да ги цените оние кои ќе останат покрај вас.

15. На моменти ќе се чувствувате како пак да сте дете и одново да го преживувате вашето детство

16. Но ќе почувствувате и дека сте пораснале, тоа најдлабоко ќе го почувствате, одговорноста ќе ве наведе на тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот