Некој ја украл бистата на Цветан Димов во Градскиот парк

Фото: Денешен.мк

Утрово било пријавено во полиција дека некој ја украл бистата на народниот херој Цветан Димов во скопскиот Градски парк, соопшти МВР.

„Денеска (28.04.2023) во 07.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градскиот парк во Скопје била одземена бистата на народниот херој Цветан Димов. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.

Спомен-обележјата во Градскиот парк често се мета на вандали, а лани беа украдени бистите на Никола Вапцаров и Коле Неделковски, поставени во паркот пред десетина години.

Некој ги украл бистите на Никола Вапцаров и Коле Неделковски од скопскиот Градски парк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот