Некој ги украл бистите на Никола Вапцаров и Коле Неделковски од скопскиот Градски парк

ФОТО : Архива

Бистите на поетите и писатели Никола Вапцаров и Коле Неделковски викендов се украдени од Градскиот парк во Скопје, а постаментите на кои стоеја се урнати.

Според пријавата која ја добила полицијата, кражбата се случила на прометната патека која води од паркот кон градскиот стадион, во саботата ноќта.

„На 2 октомври во 9:52 часот во СВР Скопје било пријавено дека биле оштетени спомениците на Коле Неделковски и Никола Вапцаров, а биле одземени и бистите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“

Пред кражбата, непознатите арамии ги турнале постаментите на двете спомен-обележја, а потоа речиси хирушки прецизно се отсечени бронзените бисти.

Спомениците на Вапцаров и Неделковски беа откриени во 2013та година, кога беа поставени бисти на уште четворица македонски поети и револуционери.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот