Училница во објектот на тетовската гимназија во кој се посетува настава на македонски јазик / фото: ТВ Телма/принтскрин

Некој дојавил бомба во белградско училиште, специјалци ги проверуваат училниците

Дојава за наводно поставена бомба утринава пристигнала на официјалната е-пошта на едно средно техничко училиште во Белград, објави „Нова“.

Веднаш штом управата на училиштето ја примила пораката, била известена полицијата, по што на местото била испратена противдиверзиона екипа.

Дојави за бомби во скопски и кумановски училишта, попладнево ја откажале наставата

Според првичните информации, учениците и вработените биле евакуирани согласно безбедносните процедури, за да можат стручните служби детално да го прегледаат секој дел од објектот.

Противдиверзионата екипа се наоѓа на местото на настанот и моментално врши обемна проверка на просторот, училниците, ходниците и на придружните простории, со цел да се утврди дали дојавата за бомба е лажна или постои реална опасност.

Во овој момент нема информации за евентуални сомнителни предмети, ниту за тоа кој го испратил мејлот што ја предизвикал вознемиреноста.

Истрагата ќе утврди дали станува збор за обид за предизвикување паника, закана или за друго кривично дело.

Радовишанка лажно пријавила дека има бомба во училиштето „Крсте Петков Мисирков“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот