Новак Ѓоковиќ/ EPA/YANNIS KOLESIDIS

Неизвесна иднината на турнирот на Ѓоковиќ, АТП го избриша од календарот

Тенискиот турнир од АТП 250 серијата, кој беше организиран од семејството на Новак Ѓоковиќ, нема да се најде на календарот на АТП за 2026 и 2027 година.

По неколку години исполнети со промени и неизвесност, турнирот кој се селеше од Белград во Бања Лука, а потоа и во Атина, го доживеа своето последно издание минатиот ноември токму во грчката метропола. Иако постоеше надеж дека ќе се најде простор за негово враќање, особено во ноемврискиот термин кој остана отворен, од АТП ставија крај на сите шпекулации и ја затворија таа можност.

Клучниот проблем лежи во лиценцата за организација, која никогаш не била во сопственост на семејството Ѓоковиќ, туку била изнајмена на ограничен период од две години. Со истекот на тој договор, исчезна и основата за продолжување на турнирот во сегашната форма.

Сепак, не е сè изгубено. Семејството на српскиот ас и понатаму има простор за нови договори со сопственици на лиценци, сценарио кое веќе било користено во минатото. Тоа остава мала, но реална можност турнирот повторно да оживее, можеби на нова дестинација или во поинаков термин.

ВИДЕО | Историската победа на БиХ на трибините во Зеница ја славеше и Ѓоковиќ

Ѓоковиќ за драмата во Зеница: Вакви работи се случуваат два до три пати во животот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот