Новак Ѓоковиќ на Дејвис купот во Болоња/Фото: /IPA / Sipa Press / Profimedia

Ѓоковиќ за драмата во Зеница: Вакви работи се случуваат два до три пати во животот

Новак Ѓоковиќ беше меѓу присутните на трибините во Зеница, каде во живо го следеше историскиот триумф на Босна и Херцеговина над Италија. Српскиот тенисер по натпреварот не го криеше воодушевувањето од атмосферата и драматичната разврска.

По завршувањето на дуелот, Ѓоковиќ за медиумите истакна дека станува збор за ретки моменти кои се паметат цел живот, опишувајќи го натпреварот како вистинска спортска драма.

„Историски успех, спектакл. Навистина бев среќен по победата на Босна и Херцеговина вчера. Многу сум среќен што имав можност да присуствувам, тоа се историски и спортски моменти кои се случуваат два до три пати во животот. Чест и привилегија е да бидам дел од тоа, народот беше во екстаза. Видов дека се славело во Сараево до доцна во ноќта. Заслужено. Таков спортски гигант како Италија да биде елиминиран на пенали, со целата таа драма, се беше како холивудско сценарио. На Босна и Херцеговина ѝ посакувам многу среќа на Мундијалот“, изјави Ѓоковиќ.

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина на Светското првенство ќе се натпреварува во група со Швајцарија, Катар и еден од домаќините, Канада.

ВИДЕО | Историската победа на БиХ на трибините во Зеница ја славеше и Ѓоковиќ

ВИДЕО: Донарума збесна по поразот на Италија – сакаше да се тепа на теренот во Зеница

ВИДЕО | БиХ не спиеше ноќеска – се славеше пласманот на Светското првенство

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот