Фото: Screenshot

ВИДЕО: Донарума збесна по поразот на Италија – сакаше да се тепа на теренот во Зеница

Босна и Херцеговина по пенал серија изминатата вечер се пласираше на Светсткото првенство, а тоа донесе огромно разочарување кај поразените Италијанци кои и третпат во низа ќе пропуштат еден Мундијал.

Ужасната низа за Италијанците почна против Шведска во баражот за СП во Русија во 2018 година, потоа ние ги елиминиравме во полуфиналната битка за последниот Мундијал, а сега не поминаа и преку Босна.

Голманот Џанлуиџи Донарума, иако е еден од најдобрите во светот и понатаму нема настап на Светско првенство, па сигурно и тоа влијаеше по вчерашниот пораз бурно да реагира кон босанските фудбалери.

Историска ноќ во Зеница: Босна и Херцеговина оди на Мундијалот, кошмарот на Италија нема крај

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот