Историска ноќ во Зеница: Босна и Херцеговина оди на Мундијалот, кошмарот на Италија нема крај
По драматична битка на теренот во Зеница, фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина денеска направи големо изненадување елиминирајќи ја Италија на пенали во финалето од плејофот, со што вторпат во својата историја обезбеди место на едно светско првенство.
Препорачано
Во решавачкиот натпревар од плејофот, тимот што ќе се квалификува за Светското првенство го дознавме дури по изведувањето на пенали. Во регуларното време и по продолженијата, резултатот беше 1:1, а пенал-рулетот Босанците го добија со убедливи 4:1.
По првото полувреме водеше Италија со голот на Кин од 15 минута, но од 41 минута играше со фудбалер помалку поради црвениот картон на Бастони.
Во 79 минута БиХ успеа да ја искористи предноста на теренот и дојде до израмнување преку Табаковиќ, кој од непосредна близина ја затресе мрежата на Донарума.
🇧🇦 BOSNA I HERCEGOVINA IDE NA SVJETSKO PRVENSTVO!
Ljudi, nije san… Večeras niko neće spavati! Šta su nam priredili naši Zmajevi!#NFSBiH #zmajevi #europeanqualifiers #worldcup2026qualifiers #dreambigdreambih pic.twitter.com/gqOS4gWtBw
— NFS BIH (@NFSBiH) March 31, 2026
Мируваа мрежите во продолженијата, а во пенал-серијата, непрецизни кај Италијанците беа Еспозито и Кристанте, а на спротивната страна сигурни од белата точка беа Тахировиќ, Табаковиќ, Алајбеговиќ и Бајрактаревиќ.
Па така, ќе ја гледаме репрезентацијата на БиХ на Светското првенство во Групата Б, каде што нејзини ривали ќе бидат Катар, Канада и Швајцарија.
За Италијанците ова е уште едно големо разочарување, бидејќи ќе го пропуштат и третото Светско првенство по ред.


