Неговата скромност нема да ви дозволи да го препознаете – Познатиот актер со милиони на сметката, летува како да живее од минималец (ФОТО)

профимедиа

Славниот комичар Адам Сендлер редовно предизвикува позитивност и пријатно расположение како преку своите улоги во филмовите така и со своето опуштено издание во јавноста.

Да не го познавате, сигурно не би помислиле дека пред вас се наоѓа личност со многу пари на својата сметка.

Овојпат актерот уште еднаш ја покажа својата скромност – Сендлер уживал во излетот со своето семејство, без никаков луксуз.

профимедиа

Од својот дом понеле сè што им треба – столици и храна, која што на Сендлер очигледно многу му значи.

И останатиот дел од неговото семејство и пријатели, уживале во овој начин на живот иако себеси можат да си дозволат луксузни излети.

профимедиа

Инаку, најновиот филм во кој што глуми Адам Сендлер „Uncut Gems“ и во кој ја толкува улогата на златарот со еврејско потекло кој што живее во Германија, доби многу пофални зборови и позитивни коментари од публиката на социјалните мрежи, со што Сендлер уште еднаш докажа дека е врвен актер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот