Не треба веднаш да ги фрлате – Еве како да го отстраните непријатниот мирис од обувките

Непријатниот мирис обувките го попримаат поради бактериите на кожата. Ако не можете да ги исперете, барем оставете ги на воздух да се исушат и да се изветреат пред следното облекување.

Доколку тоа не помага, можете да пробате некои од овие трикови за да ги освежите чевлите.

Етерично масло од лаванда

Ставете неколку капки етерично масло во обувките. Делува антибактериски и има пријатен мирис.

Вата

Натопете парчиња вата со етерично масло, најдобро од лимон или друг цитрус, па ставете ги натопените топчиња вата во обувките. Нека останат во текот на ноќта, а до утрото непријатните мириси ќе исчезнат.

Весници

Изгужвајте еден лист од весник како топка и ставете го во чевлите. Хартијата ќе ја упие влагата и мирисот.

Мелено кафе

Меленото кафе ги упива мирисите. Ставете по една вреќичка со кафе во чевлите. Оставете ги преку ноќта ама внимавајте кафето да не дојде во допир со чевелот бидејќи може да остави дамки.

Сода бикарбона

Зрнцата од сода бикарбона се „однесуваат“ како мали сунгерчиња кои упиваат мириси. Ставете сода бикарбона во чевлите и оставете ја колку што можете подолго. Подоцна само истресете ги чевлите. Мирисите ќе исчезнат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот