Не сум геј: Актерот Игор Стојчевски отворено проговори за приватниот живот

игор стојчевски
Игор Стојчевски / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Актерот Игор Стојчевски, кој покрај своите улоги во бројни театарски претстави, во последно време е актуелен и по својата улога на Тони Бузалевски во хумористичната серија „Преспав“, шест сезони успешно мами насмевки кај македонската јавност.

Игор гостуваше во емисијата на „Репортер.мк“ каде зборуваше како за приватниот, така и за професионалниот живот.

Во серијата, Стојчевски глуми дека е во љубовна врска со готвачот Марио, кој го игра актерот Васил Зафирчев. Но, како што вели, ова е само дел од сценариото, а кога ќе се исклучат камерите приказната е поинаква.

игор стојчевски
Игор Стојчевски / Фото: Фејсбук

Игор има активен ангажман во Драмскиот театар во Скопје, зад себе има бројни улоги во театарот, а се појавува често и на филмското платно. Бил асистент по сценски движења и танци на ФДУ, а малкумина знаат дека е несуден електротехничар, кој за да не оди во војска, запишал една година на Машински факултет.

Актерот вели дека поради ликот на Тони, заради која некогаш мора да докажува дека приватно не е геј.

„Досега не сум чул негативни коматари директно, да ме застане некој и негативно да коментира за ликот. Не ми било проблем да одиграм каква било улога, па и геј двојка, ама не е тајна дека имам проблем кога луѓето приватно те поистоветуваат со улогата. Се случува да мислат дека сум геј, иако не сум. Неодамна еден мој пријател во разговор со една девојка, ме спомнале, па таа рекла, ама тој е геј, па мојот другар ѝ рекол, ама не, не е, слободно ќе те запознаам“, вели Стојчевски.

игор стојчевски
Игор Стојчевски / Фото: Фејсбук

Актерот вели дека не е единствениот кој се соочува со низа реакции во јавноста, тој вели дека иако Игор Џамбазов веќе со години не пие алкохол, јавнота го поистоветува со неговиот лик во серијата кој знае да испие некоја чашка повеќе…

„Ама ако ме прашувате кому му е потешко, веројатно мене, заради предрасудите. А, искрено моето минато зборува многу за мене и тоа не нешто со кое јас треба да се фалам или гордеам кога е во прашање изборот на партнерките. Ама сè во свое време, сега сум решил да се смирам затоа што некои работи ги надраснуваме и стануваме посвесни со годините. Иако, искрено, тешко се убедуваат луѓето и не знам што да направам за да докажам дека не е како што мислат“, вели Стојчевски.

Целото интервју можете да го видите овде:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот