Не му е лесно на Џо Џонас: Неговата поранешна сопруга отиде на вечера со неговата поранешна девојка

Фото: Profimedia/EPA

Поп-ѕвездата Тејлор Свифт и актерката Софи Тарнер, поранешните партнерки на пејачот Џо Џонас, биле забележани заедно на улиците на Њујорк. Вечерале, а потоа останале во бар до два часот по полноќ, пренесува „Дејли мејл“.

Пејачката се појави во црвен фустан и широка тексас јакна, додека актерката се одлучила за сив топ и панталони.

Фото: JosiahW / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Имено, Тејлор Свифт и Џо Џонас беа во врска во 2008 година, а пејачот се ожени за Софи Тарнер во 2019 година. Многу фанови неодамна беа изненадени од веста дека славниот пар се разведува. Џонас поднел барање за развод во судот во Мајами и ангажирал адвокат.

„После четири прекрасни години брак, решивме да се разделиме. Има многу шпекулации за причините за разводот, но ова е навистина заедничка одлука. Се надеваме дека ќе ја почитувате нашата приватност и приватноста на нашите деца“, пишуваше во заедничкото соопштение на Џо Џонас и Софи Тарнер.

Џо Џонас и Софи Тарнер
Џо Џонас и Софи Тарнер / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Свифт, пак, за време на едно гостување во шоуто на Елен Деџенерис откри дека Џонас ѝ раскинал со телефонски повик од 25 секунди.

„Еден ден ќе најдам некој навистина, навистина одличен, кој ќе биде вистинскиот за мене. Кога ќе ја најдам таа личност, тој ќе биде прекрасен и нема ни да се сеќавам на момчето што ми раскина на телефон, за 25 секунди, кога имав 18 години“, изјави тогаш таа.

Сепак, Џонас и Свифт останаа во добри односи низ годините. Пред Софи Тарнер, Џонас беше во врска и со моделот Џиџи Хадид, која, исто така, е блиска другарка на Свифт.

Сега е дефинитивно: Џо Џонас и Софи Тарнер се разделуваат, пејачот поднел барање за развод на брак

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот