Сега е дефинитивно: Џо Џонас и Софи Тарнер се разделуваат, пејачот поднел барање за развод на брак

Џо Џонас и Софи Тарнер
Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Пејачот Џо Џонас и ѕвездата на „Game of Thrones“, Софи Тарнер се разведуваат по четири години брак. Џонас поднел барање за развод во судот во Мајами и ангажирал адвокат.

„Дејли мејл“ дошол до судски документи, во кои се наведува дека нивната врска е „неповратно прекината“.

Двојката сака да го подели старателството над нивната тригодишна ќерка Вила и едногодишната ќерка, чие име сѐ уште не е објавено.

„Во најдобар интерес на малолетните деца е странките да ја делат родителската одговорност“, наведува адвокатот на Џонас во документите.

Џонас бара тој и Тарнер да направат план и распоред за тоа кога и како ќе поминуваат време со децата.

Џо Џонас и Софи Тарнер заедно со двете деца / Фото: Fernando Ramales / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Документите, исто така, наведуваат дека страните „склучиле важечки и спроведлив предбрачен договор“ на 29 април 2019 година – неколку дена пред да се венчаат во Лас Вегас.

Адвокатот на Џонас не го вклучил предбрачниот договор во барањето за развод за „да се заштитат правата на приватност на двете страни“, но документите сугерираат, пишува „Дејли мејл“, дека пејачот не планира да бара алиментација од Тарнер.

„Двете страни имаат капацитет да издржуваат малолетни деца и двете треба да бидат обврзани да придонесат за поддршка на малолетните деца“, се наведува во документот.

Џо Џонас и Софи Тарнер
Џо Џонас и Софи Тарнер / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Како потсетување, пред неколку дена се појавија гласини дека парот се разведува.

Изворите велеа дека тие имале сериозни проблеми во последните шест месеци. Наводно, во последните три месеци, Џонас речиси цело време се грижел за нивните две мали деца, дури и додека неговата група била на турнеја низ САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот