Не издржа „црвениот змеј“, спортскиот свет во солзи! (ФОТО)

awakeningfighters.com

Кети Колинс со победи на почетокот од кариерата успеа да влезе во светот на ММА. Таа почина 32 годишна возраст во средата од последица на мозочна аневризма која ја преживеа минатиот петок.

Во текот на трите години колку беше дел од ММА, имаше 12 мечеви и учинок од пет победи и седум порази. Го имаше прекарот „Црвен змеј“ и се бореше во Велатор, РФА, ЛФА и Инвикт организациите.

Како аматер се бореше од 2011, а четири години подоцна се префрли меѓу професионалки.

Веста за смртта на Кети Колинс ја потврди и нејзиниот тренер Џејти Колинс кој на својот Фејсбук профил напиша:

– Борбата е завршена. Никогаш не престана да се бориш, а ние никогаш не се откажавме од тебе. Едноставно, не било така судено. Секогаш бев горд на тебе. Почестен што можев со тебе да го доживеам тоа што беше твој сон. Не би го менувал тоа никогаш. Ќе ми недостасуваш – се зборовите на Џејти Колинс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот