Не ја одложувајте менструацијата поради одење на одмор! Гинеколог им даде важен совет на жените
Младите девојки се соочуваат со оваа дилема, особено кога доаѓа летото и е време за одење на море. Многу млади девојки земаат хормонски таблети за да ја одложат менструацијата поради одење на плажа или некој настан.
Препорачано
Се поставува прашањето, дали е опасно да се земаат само еднаш и кои се можните несакани последици? На тие прашања одговорил гинекологот Зоран Раовиќ, кој бил гостин во емисијата „Јутро“.
„Таблетите за одложување на менструацијата не се толку опасни освен кога жената има проблем со тромбоза, тромбофилија. Не треба да го одложувате циклусот повеќе од 14 дена. Но, тие не треба да се користат повеќе од еднаш годишно. Несаканите ефекти може да бидат главоболки, гадење, нарушувања на крвниот притисок, стегање во градите. Мора да има ограничување“, рекол д-р Раовиќ.
„Ова се гестагени, се пијат неколку дена пред очекуваниот циклус и се земаат цело време кое сакате за да го одложите циклусот, но не подолго од 14 дена“, истакнува тој.
Доктор Вања Милошевиќ, гинеколог од ГАК Народни фронт, не ги препорачува таблетите за одложување на менструацијата.
– Најважниот совет што можам да им го дадам на жените е да не ја одложуваат менструацијата. Одложувате нешто што е природен процес за два или три дена уживање, а тоа може да ви предизвика сериозна штета подоцна – предупреди Милошевиќ.
Според него, тие таблети се лесно достапни, но се 200 пати посилни од дозата на природни хормони што ги имате.


