Не го фрлајте белиот дел од лубеницата! Направете си салата - Слободен печат
ЕспресоХрана

Не го фрлајте белиот дел од лубеницата! Направете си салата

Белиот дел од лубеницата што се наоѓа меѓу црвениот дел и кората може да се искористи за подготовка на вкусно и интересно јадење.

Состојки:
кисела павлака
3 чешниња лук
белиот дел од лубеницата
половина краставица
пиперка
2-3 ротквици
една лажичка маслиново масло
вински оцет

Подготовка:
Излупете ја кората од лубеницата, па изрендајте ја заедно со краставицата, ротквицата и пиперката, а лукот исецкајте го.

Изренданиот зеленчук и лукот ставете ги во сад за салата и додајте сол, бибер и кисела павлака.

Додајте маслиново масло и малку оцет и сè добро измешајте.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close