НЕ ГИ ИСТИСНУВАЈТЕ ГРУТКИТЕ ПОД КОЖАТА: Тоа не се акни и можете да си направите проблем

промени на кожата
Flickr

Поткожните проблеми се случуваат кога се насобира масно ткиво во форма на топче или чвор под кожата и многу наликуваат на акни.

Но, всушност не се акни, бидејќи не се работи за воспаление и најчесто поминуваат за кратко време, без да направат поголеми проблеми, но само под услов да не ги истиснувате.

Медицински оваа појава се нарекува атером (поткожна циста) и во најголем случај поминува од себе, а многу поретко се интервенира хируршки. Атеромите се капсулирани и се создаваат околу пора. Постојат и липоми, кои се масни грутки. И едните и другите е најдобро да не ги чепкате сами, а ако направат проблем, јавете се на лекар.

Липомите се еден вид на тумори на масното ткиво и не се опасни, но може да притискаат на нерви и да предизвикаат болки. Се појавуваат на грбот, рамениците и на стомакот, а поретко на другите делови од телото.

Атеромите може да се појават и на пазувите и препоните. За разлика од липомите, атеромите може да „истекуваат“ низ пора, но се додека постои капсулата внатре, таа повторно може да се наполни со масна содржина слична на гној, која има изразено непријатен мирис.

Во случај да почувствувате дека имате некаква грутка под кожата, не „интервенирајте“ сами, туку обратете се кај лекар. Некогаш ќе мора да се прима антибиотска терапија или да се нанесува антибиотска маст директно врз израстокот. Поретки се случаите кога се отстрануваат со хируршка интервенција. Тоа се прави доколку грутката почне да пречи во нормалното функционирање на лицето.

Кај атеромите е препорачливо хируршко отстранување, додека пак липомите може да се контролираат и никогаш да не направат посериозен проблем. Вие само треба да се воздржите од нагонот да ги истиснувате, за да не ја контаминирате крвта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот