Принцот Вилијам и принцот Хари со сопругите Кејт Мидлтон и Меган Маркл на погребот на кралицата Елизабета Втора/Фото: Профимедиа

Не е ни чудо што се скарале – откриено што Вилијам барал од Меган Маркл пред да се ожени со Хари

Иако кралската венчавка на принцот Хари и Меган Маркл изгледала како бајка, зад сцената се раѓале длабоки поделби. Односите во британското кралско семејство почнале да се комплицираат долго пред војводата и војвотката од Сасекс да го изговорат судбоносното „да“.

Според тврдењата на кралскиот биограф Роберт Џобсон, принцот Вилијам бил длабоко загрижен поради брзината на врската на својот брат, советувајќи го да забави и да одвои време за да ја запознае „таа девојка“. Загриженоста на Вилијам дека Хари брза со бракот ескалирала до тој степен што го замолил нивниот чичко, Чарлс Спенсер, да се обиде да го вразуми Хари, што го разбеснило помладиот брат и ги оддалечило уште повеќе.

Еден од најконтроверзните моменти, како што наведува Џобсон во книгата „Кетрин, принцеза од Велс: Биографија на идната кралица“, се однесувал на наследството на нивната мајка, принцезата Дијана, пишува „ИнСтајл“. Вилијам наводно инсистирал Меган да не носи ниту едно парче накит од Дајана на свадбата, за што, како што тврди Џобсон, ѝ се обратил дури и на кралицата Елизабета Втора. Така се создал впечатокот за двојни стандарди, бидејќи на неговата сопруга Кејт ѝ било дозволено. Иако Меган ја носела дијамантската дијадема на кралицата Мери на церемонијата, таа на вечерниот прием, сепак, се појавила со аквамаринскиот прстен на принцезата Дијана, што многумина го протолкувале како чин на пркос.

Дополнителна тензија создале и гласините за однесувањето на Меган кон персоналот. Приказните за нејзиниот наводен конфликт со еден вработен во пресрет на свадбата ги зголемиле сомнежите на принцот Вилијам и Кејт. Иако Меган ги демантираше обвинувањата, тие приказни, заедно со несогласувањата како онаа околу брадата на Хари со неговата воена униформа, создале основа за раздор. Овие почетни несогласувања и чувства на недоверба ја обликувале динамиката што години подоцна ќе доведе до целосен прекин на односот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот