„Не е импресиониран од прославата“: Принцот Луис правеше урнебесни гримаси во кралската ложа

принц луис
Принц Луис и неговата мајка Кејт / Фото: Profimedia/Принтскрин/Јутјуб/

Откако пред неколку дена го украде вниманието на својот прв јавен ангажман за време на прославата на платинестиот јубилеј на кралицата, најмладиот син на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон повторно стана хит на социјалните мрежи. Младиот принц се чини едвај чекал да заврши оваа прослава.

Принцот Луис го воодушеви светот со своите смешни гримаси во четвртокот кога се појави на балконот на Бакингемската палата со своето семејство.

Започна четиридневната прослава: Кралицата Елизабета слави 70 години на британскиот трон

Сега повторно се појавија фотографии на Интернет додека наизменично менува низа смешни изрази на лицето додека ја гледа поворката во чест на кралицата, која според фотографиите не му била многу интересна.

Имено, 4-годишниот принц во неделата седеше во кралската ложа за да присуствува на парадата на последниот ден од прославата на платинестиот јубилеј на кралицата заедно со неговата мајка Кејт Мидлтон и 7-годишната принцеза Шарлот. Покрај нив беа и 8-годишниот принц Џорџ и принцот Вилијам.

Луис едноставно одбивал да седи мирно. Цело време покажувал со прстот и гестикулирал, постојано поставувајќи ѝ прашања на неговата мајка. Како и секое дете на таа возраст. Тој зеваше, се муртеше и на крајот го покри лицето со рацете кога навидум му било доста од парадата.

Во еден момент, Мајк Тиндал кој седеше зад Луис, направил хумористичен гест „Те гледам“ на младиот принц откако тој ги стави прстите во ушите.

На Луис тогаш му здосадило од сопствените лудории и решил да седи мирно некое време во прегратките на својот дедо, принцот Чарлс.

 

Повеќе написи на темата:

 

ФОТО+ВИДЕО | Неверојатен музички спектакл: Дијана Рос, Алиша Кис, Род Стјуарт ѝ пееја на кралицата Елизабета

 

ФОТО+ВИДЕО | „Главна“: Принцезата Шарлот го опоменa својот помлад брат Луис и стана вирален хит

ФОТО | Кејт Мидлтон повторно покажа скромност: Со стајлингот ѝ оддаде чест на принцезата Дијана

ФОТО | Цел свет зборува за Меган Маркл: Што правеше војвотката во текот на парадата за кралицата

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот