ФОТО+ВИДЕО | „Главна“: Принцезата Шарлот го опоменa својот помлад брат Луис и стана вирален хит

принцеза шарлот
Принцот Џорџ, принцот Луис и принцезата Шарлот / Фото: CHRIS JACKSON / AFP / Profimedia

За време на поворката кoja тргна кон Бакингемската палата на првиот ден од четиридневното одбележување на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора, целото внимание го украдоа децата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

Започна четиридневната прослава: Кралицата Елизабета слави 70 години на британскиот трон

Еден момент особено ги насмеа корисниците на социјалните мрежи, кои коментираат дека со овој гест принцезата Шарлот покажа дека е „главна“ во семејството.

Во неколку наврати јавноста имаше можност да биде сведок на палавото однесување на трите деца на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Разиграните малечки ја покажаа својата слатка страна и за време на прославата „Trooping the Color“ во Лондон, која се слави од денеска до крајот на викендот во чест на 70-годишнината од крунисувањето на кралицата Елизабета Втора.

Овој пат главниот збор во кочијата во која се возеше заедно со нејзините браќа принцот Џорџ и Луис го имаше седумгодишната принцеза Шарлот, средното дете на војводата од Кембриџ.

Колку внимателно ги слушала инструкциите пред да се појави во јавност и колку е сериозна во изминатите неколку години, Шарлот покажа предупредувајќи го својот помлад брат, принцот Луис, кој беше единствениот што продолжи да мавта кон толпата на улиците во Лондон.

Принцезата Шарлот ги „презеде“ работите во свои раце и без размислување го предупреди три години помладиот Луис. Таа со раката јасно му стави до знаење дека е време да престане да мавта и да биде сериозен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @duchess_mag

Целиот настан беше документиран од насобраните Британци на кои овој националниот празник им е исклучително важен и излегоа на улиците на Лондон да ја поздрават својата владетелка со најдолг стаж.

Видеото во кое принцезата Шарлот со рака го опоменува својот помлад брат брзо стана вирален хит на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот