Не дека нема камионџии, ама никој не сака да вози за таа плата

камиони транспорт
Фото: илустрација / архива на „Слободен печат“

Да се биде камионџија во САД значи најголемиот дел од животот да го поминеш сам и осамен, далеку од семејството, без или со малку пријатели, а притоа платата е далеку од примамлива за некој на подолг рок да се реши да се занимава со оваа тешка и ризична професија.

Како што пишува Бизнис Инсајдер, бидејќи работниците ширум САД масовно ги напуштаат своите работни места, на камионската индустрија ѝ се потребни уште околу 80.000 возачи за да може оптимално да работи. Тоа е историски врв, според Американското здружение на возачи на камиони.

Заклучно со февруари, имало нешто помалку од 1,55 милиони луѓе кои работеле во дејноста на транспорт со камиони, според Бирото за статистика на трудот – што е значителен скок споредено со околу 1,48 милиони една година порано, но секако не е доволно за да се намали недостигот. Тој недостиг, исто така, може да порасне на над 160.000 до 2030 година, според АТА.

Пандемијата можеби ги влоши проблемите во оваа дејност, но таа и претходно веќе се справуваше со „проретчување на камионите“. Во 2019 година, како што пишува Инсајдер, транспортната дејност со камиони западна во рецесија бидејќи побарувачката опадна, па илјадници камионџии останаа без работа. Во меѓувреме, недостигот на камионџии ги заглави синџирите на снабдување. Но, како и кај другите бранши во економијата, решението често се гледа во кратење на платите и бенефициите.

– Ние немаме недостиг на камионџии, имаме недостиг од плата – вели млад камионџија за Бизнис Инсајдер.

Освен претходно споменатите недостатоци на оваа професија, друг проблем претставува и добивањето лиценца за возач на камион која зависно од државата во САД се движи некаде околу 14.000 долари според податоците од Freightwaves. Младите луѓе очекуваат дека ако веќе вложиле толку средства за да добијат лиценца и вложуваат добар дел од својот живот, тоа да им се исплати.

– Дефинитивно не е работа во која брзо ќе влезете и ќе заработите пари, вели возачот. Тој сега мисли дека превозот со камиони е „последно нешто“ то се прави ако човек не може да најде друга работа. -Сигурно ќе видите милион огласи за работно место возач на камион во кои се нуди плата од 100.000 до 120.000 долари годишно. Но, секој камионџија знае дека тоа е 100 отстотна лага, додава тој.

Според статистичките податоци на Бирото за статистика на трудот, од 2020 година, просечната плата за возачите на тешки камиони со приколки била 47.130 долари годишно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот