НБА уште поинтересна: Ера на супертимови и тандеми за титула!

Принтскрин/mozzartsport.com

До пред неколку години само два-три клубови се одвојуваа во трката за „прстенот“, но сега најсилната кошаркарска лига на светот (НБА) ќе биде уште поинтересна за сите љубители на овој спорт.

Скоро секоја екипа има по двајца јвалитетни играчи, ги одвојуваме најзвучните, а оваа листа сигурно ни гарантира фантастична сезона.

Голем број на фанови сметаат дека Вестбрук и Харден не можат заедно да функционираат во Хјустон и се прашуваат како Вестбрук ќе се вклопи во составот на Мајк Д`Антони.

Се очекува Рокетси да имаат две „брзини“, доколку Вестбрук не успее да реализира напад во првите пет-шест секунди, тогаш топката оди кај Харден и се прави изолација.

Едвај чекаме исто така да ги видиме во тандем Кавај Ленард и Пол Џорџ, дефинитивно Клиперси можат да бидат во трката за тронот.

ХЈУСТОН РОКЕТС (Расел Вестбрук – Џејмс Харден)

ЛОС АНЏЕЛЕС КЛИПЕРС (Кавај Ленард – Пол Џорџ)

ЛОС АНЏЕЛЕС ЛЕЈКЕРС (ЛеБрон Џејмс – Ентони Дејвис)

ГОЛДЕН СТЕЈТ ВОРИОРС (Стеф Кари – Клеј Томпсон)

ПОРТЛАНД ТРЕЈЛ БЛЕЈЗЕРС (Демијан Лилард – Си Џеј Меколум)

БРУКЛИН НЕТС (Кајри Ирвинг – Кевин Дурант)

САН АНТОНИО СПАРС (Демар Дерозан – Ламаркус Олдриџ)

МИЛВОКИ БАКС (Јанис Адетокумпо – Крис Мидлтон)

ДАЛАС МАВЕРИКС (Лука Дончиќ – Кристапс Порзингис)

ФИЛАДЕЛФИЈА СИКСЕРС (Бен Симонс – Џоел Ембид)

ДЕНВЕР НАГЕТС (Џамал Мари – Никола Јокиќ)

ЈУТА ЏЕЗ (Мајк Конли – Донован Мичел)

ИНДИЈАНА ПЕЈСЕРС (Виктор Оладипо – Мајлс Тарнер)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот