„Бум“ во НБА: Харден и Вестбрук повторно заедно! - Слободен печат
КошаркаСпорт

„Бум“ во НБА: Харден и Вестбрук повторно заедно!

Триесет и четири-годишниот Пол се враќа во Оклахома, каде ја започна својата кариера во 2005 година и одигра две сезони таму.

Оклахома Сити го смени бекот Расел Вестбрук со Крис Пол во договор со Хјустон од кој го доби и правото на противникот за избор во првиот круг на Драфтот во 2024 и 2026 година, како и можност да користи уште два избори во 2021 и 2025 година.

Во Хјустон, 30-годишниот Вестбрук ќе биде повторно соиграч со Џејмс Харден со кого играа заедно во Оклахома Сити во периодот 2009-2012 година, а во последната сезона стигнаа до финалето во НБА.

Најдобриот реализатор во Лигата во последната кампања, Вестбрук запиша просечно „трипл-дабл” за трета сезона по ред во 2018/2019, која ја заврши со 22.9 поени, 11.1 скока и 10.7 асистенции во 73 натпревари.

Договорот му е за четири години во вредност од 171.2 милиони долари, вклучувајќи и опција за откупување од играчот за 47.1 милиони долари за сезоната 2022/2023.

Деветкратниот учесник во Натпреварот на ѕвездите, Пол постигнуваше просечно 15,6 поени, 8,2 асистенции, 4,6 скока и 2,0 украдени топки во 58 натпревари минатата сезона. Договорот му е за три години во вредност од 124.1 милиони долари со опција за откупување за 44.2 милиони долари во сезоната 2021/2022.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close