НБА: Расел Вестбрук ќе го напушти Денвер нагетс
Расел Вестбрук, американскиот кошаркар и поранешен МВП на НБА лигата, повеќе не е играч на Денвер нагетс и ќе биде слободен агент од 30 јуни.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Како што најави Марк Штајн, познат американски инсајдер и новинар кој долго време ги следи случувањата во НБА, тој во текот на денот објави дека искусниот плејмејкер не сака да ја искористи својата играчка опција за следната сезона.
Вестбрук дојде во тимот минатата сезона, но не успеа да остави белег во тимот на Колорадо, особено во плејоф серијата кога се очекуваше играч од негов калибар да придонесе позначајно во дуелите со Лос Анџелес клиперс и Оклахома сити.
Оваа сезона тој имаше плата од 3,3 милиони долари, додека доколку ја прифатеше соработката, ќе добиеше 200.000 долари повеќе на својата сметка, меѓутоа, тој не сакаше да го стори тоа. Една од опциите е сепак да остане во Денвер, но под услов клубот од Колорадо да му понуди на Американецот попрофитабилен договор од оној што го имаше.
Сега се разгорува контроверзност околу тоа каде Вестбрук би можел да ја продолжи кариерата. Иако има 36 години, тој сè уште важи за плејмејкер со одличен статус. Претходно во кариерата настапуваше и за Оклахома сити, Хјустон, Лос Анџелес клиперс, Вашингтон и Лос Анџелес лејкерс.


