НБА: Минесота го избра Ентони Едвардс како прв избор на драфтот

фото: твитер

Утринава се одржа најнеобичниот драфт во историјата на НБА лигата, поради пандемијата на коронавирусот екипите виртуелно ги драфтуваа играчите кои пак поголем дел од нив не играа кошарка уште од март годинава.

Минесота тимбервулфс која бираше прва се одлучи за Ентони Едвардс, 19. сантиметри високиот бек на Универзитетот Џорџија. Пред прекинот на сезоната во НЦАА лигата, Едвардс просечно постигнуваше по 19.1 поени и 5.2 скокови по натпревар.

Втор бираше Голден Стејт кој се одлучи да го пополни местото во тимот на центарската позиција и го избра 216 сантиметри високиот Џејмс Вајзмен. Ова претставува логичен избор за „воините“ бидејќи се најтенки токму на центарската позиција, а Вајзмен се смета за најдобар центар на годинешниот драфт.
Мајкл Џордан и неговиот Шарлот хорнетс се одлучија како трет избор на драфтот да го земат ЛаМело Бол, најмладиот од контроверзното семејство Бол кој сигурно е најинтригантниот кошаркар на драфтот. Неговиот амбициозен татко Лавар го отпиша ЛаМело од училиште пред две години и одлучи да го подготвува за драфтот, тој играше Литванија, а последната сезона ја помина во Австралија каде постигнуваше по 17 поени, 7.4 скокови и 6.8 асистенции на 12. натпревари.

Како четврти избор на драфтот Чикаго булс го избраа Патрик Вилијамс што претставува изненадување бидејќи експертите сметаа дека тој треба да биде избран помеѓу 20. и 30. позиција. Кливленд од петата позиција го избра Ајзак Окоро, Атланта се одлучи на Онуека Оконгву, а највисокоизбран европски кошаркар е Килиан Хајс од Франција кој е седми избор на драфтот. Тој НБА кариерата ќе ја започне во Детроит пистонс. Њујорк никс бираа осми и го земаа крилниот центар Оби Топин, додека Дени Авдија од Макаби е деветти избор и ќе игра во Вашингтон. Феникс санс бираше како 10. и се одлучи за Џејлен Смит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот