НБ до граѓаните: Парите во банка ви се најсигурни!

Користењето на готовината во овој период е опасно по здравјето, плаќањата да се вршат со платежни картички или преку сервисите за електронско и мобилно банкарство, апелираат од НБ.

Заштедите во вакви околности се најбезбедни во банките и штедилниците. Тие го имаат истиот статус како пред прогласувањето на вонредната состојба.

-Не постои простор за загриженост, и во периодот на вонредната состојба, депозитите ќе им бидат достапни на граѓаните и фирмите, како и претходно, истакнуваат од Народната банка.

Потсетуват дека и сите други услуги што ги нудат банките и штедилниците, на граѓаните и фирмите им се достапни додека трае вонредната состојба.

-Работата на финансиските институции за кои Народната банка е надлежен регулаторен и супервизорски орган го задржува својот континуитет и во овие привремено променети околности, оценуваат од централната банка и истакнуваат дека платниот промет се одвива непречено.

Укажуваат дека користењето на готовината во овој период е опасно по здравјето и апелираат плаќањата да се вршат со платежни картички или преку сервисите за електронско и мобилно банкарство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот