Навивачите на Ливерпул бркаат цел тим од „Енфилд“
Доколку Ливерпул сака да се врати во борбата за трофејот во Премиер лигата, тогаш мора да продаде барем 11 фудбалер и да направи ремонт на тимот, тврдат навивачите на „црвените“.
Препорачано
Весникот „Ливерпул Ехо“ направи анкета на која побара од навивачите на „црвените“ да гласаат за тоа кои играчи треба да останат, а кои да си заминат.
Интересно е што највеќе гласови дека мора да остане е Диого Жота кој доби дури 98.3% проценти од гласовите, а по него следи бековскиот тандер Трент Александер-Арнолд и Енди Робертсон со 97.7% и 97.2%.
Следни на листата на недопирливите се капитенот Џордан Хендерсон, Куртис Џонс и Садио Мане, тинејџерот Харви Елиот и сите тие имаат повеќе од 90% доверба од навивачите.
Листата на десет најважни фудбалери на Ливерпул ја затвораат Вирџил ван Дајк, Тијаго Алкантара и Нет Филипс.
Потоа следат Фабињо и Џо Гомез, а дури на 13. место е Мохамед Салах со 88.4 проценти од гласовите да остане и следната сезона. Интересно е што навивачите повеќе веруваат во резервниот голман Келер отколку во Алисон, а последен кој има 80 проценти од гласовите е јануарското засилување, Озан Кабак.
На листата на отсрел, односно фудбалери кои според мислењето на навивачите треба да си заминат се Алекс Окслејд-Чембрлен, Џоел Матип, Такуми Минамино, Хари Вилсон, Бен Вудборн, Џердан Шаќири, Марко Грујич, Лорис Кариус, Адријан и Дивок Ориги.


