Навални: Затворен сум во концентрационен логор

Фото: Архива

Рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој помина две и пол години во затвор надвор од Москва, денеска изјави дека е затворен во „вистински концентрационен логор”.

– Морам да признаам дека рускиот затворски систем успеа да ме изненади. Немав идеја дека е можно да се создаде вистински концентрационен логор на 100 километри од Москва, напиша Навални на Инстаграм со неговата фотографија.

Тој додаде дека се наоѓа во казнената колонија број 2 во градот Покров во Владимирската област.

Не се знае точно каде се наоѓа Навални, откако неговиот правен тим минатата недела соопшти дека тој бил пренесен од затворот во близина на Колчугино и не им било кажано каде е однесен.

Навални (44), еден од најпознатите критичари на рускиот претседател Владимир Путин, беше затворен на почетокот на оваа година со пресуда за која западните земји ја осудија како политички мотивирана. ј

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот