Научниот свет во паника – во Британија се појави нова мутација наречена супер сој

Здравствениот систем во Британија e под притисок, Џонсон не воведува нови мерки /Фото: Yui Mok / PA Images / Profimedia

Се појави нова мутација на британскиот вид на коронавирус, соопшти професорот Кристијан Рамадан, кој предава молекуларна медицина на Универзитетот во Оксфорд, додавајќи дека го нарекле супер сој.

Новото откритие кое уште повеќе го заплашува човештвото доаѓа само два месеци откако беше откриен британскиот сој и од декември минатата година стана доминантен вид, бидејќи повеќе од 50 проценти од луѓето се заразени токму со оваа мутација на коронавирусот.

Советничката на Меркел предупредува: Нова пандемија се вжештува во позадина – Мутациите на коронавирусот ќе нѐ прегазат

– Новите наоди покажуваат  дека овој британски сој има мутација што потекнува од јужноафрикански род. Сега имаме нов „супер британски вид“ со мутација на Јужна Африка, што е важно да се знае затоа што некои мутации можат да избегнат појак имунолошки одговор, вели Рамадан.

Професорот нагласи дека Велика Британија го вакцинира населението со голема динамика и дека досега се вакцинирани 13 милиони луѓе. Околу 15 милиони луѓе се очекува да бидат вакцинирани до средината на февруари.

На прашањето дали појавата на новиот вид го најавува третиот бран на епидемијата, Рамадан рече дека тоа ќе зависи од ограничувачките мерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот