Советничката на Меркел предупредува: Нова пандемија се вжештува во позадина – Мутациите на коронавирусот ќе нѐ прегазат

Германските медиуми пишуваат дека германската влада утре најверојатно ќе го продолжи „локдаунот“ до 1 март. Вирусологот Мелани Бринкман се залага веднаш да се прогласи целосен карантин.

Советничката на канцеларката Ангела Меркел, вирусологот Мелани Бринкман, се залага веднаш да се прогласи целосен карантин, сеопфатен и краток карантин. Најмногу поради стравот од брзото ширење на британскиот сој на ковид-19.

– Мутираните видови како тој од Велика Британија, но и другите, ќе не прегазат, вирусот доби „ракетен погон“. Оваа трка е изгубена одамна – рече Бринкман, која смета дека вакцината не може целосно да помогне во борбата против новиот вид.

Во Европа, британскиот сој на коронавирусот упорно се шири, и тоа многу побрзо од „стариот“. Сè уште не е утврдено дали сој е позаразен за 30 или 50 проценти, вели германскиот виролог.

– Но, дури и да е само 30 проценти, ние всушност имаме сосема нова пандемија. Новата пандемија се вжештува во позадина, така би можело да се каже, иако тоа се уште не ни е јасно. Нема да можеме да се справиме со мерките што сега се на сила во Германија. Повторно, бројките ќе растат експоненцијално, такашто ќе мора да ги спречиме контактите уште поригорозно. Единствено прашање е дали ќе го сториме тоа еднаш, одлучно и доследно или ќе влеземе во кратко отворање, како вовед во ново долго затворање “, објаснува Мелани Бринкман во интервјуто за последното издание на германски „Шпигел“

– Вакцината се произведува, но ќе треба време за сите да ја добијат. Вакцинацијата нема да нè извлече од пандемијата се додека не се смири низ целиот свет. Ќе продолжиме да се справуваме со короната и во 2022 година, а веројатно дури и повеќе – предупреди вирусологот Бринкман.

Ангела Меркел пред неколку дена во интервју за германската телевизија рече дека иако работите се одвиваат во вистинска насока, сепак трпеливоста е најбитна.

– Гледам малку светло на крајот од тунелот … Но, мора да бидеме многу, многу внимателни за да се осигураме дека на крајот нема да починат многу пациенти – рече канцеларката Меркел со порака дека е рано да се воведуваат поостри мерки.

– Бројот на новозаразени е намален, но постои опасност од мутациите на вирусот. Ова е мешавина од успех и ризик. Мора да продолжиме внимателно – предупредуваат од Институтот Роберт Кох.

Во Германија, од почетокот на епидемијатаповеќе од 22 милиони луѓе се заразиле со ковид-19, а досега. починале речиси 60.000 пациенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот