Научници од Кина клонирале три „суперкрави“, можат да произведат голема количина млеко

Крави / Фото: Pexels/Pixabay

Научници од Кина успешно клонирале три „суперкрави“ кои можат да произведат невообичаено голема количина млеко, пренесуваат тамошните медиуми.

Научниците направиле 120 клон-ембриони од клетките на високопродуктивните крави и ги сместиле во сурогат-крава.

Џин Јапинг, предводник на проектот, смета дека клонирањето „суперкрави“ е голем чекор и ѝ овозможува на Кина, „на економски изводлив начин“, да ги одгледува најдобрите раси.

„Само пет од 10.000 крави во Кина можат да произведат 100 тони млеко во својот живот, што ги прави вреден ресурс за размножување. Но понекогаш е тешко да се одреди точно за кое животно се работи, што го отежнува нивното одгледување. Намерата е за две до три години да се создаде стадо од повеќе од 1.000 суперкрави, за да се намали зависноста на Кина од увоз на крави“, рече Џин.

Северозападниот универзитет за земјоделска и шумарска наука и технологија клонирал крави од расата „Холштајн Фризијан“ што потекнуваат од Холандија. Тие крави можат да произведат 18 тони млеко годишно, или 100 тони млеко во целиот нивен живот – што е 1,7 пати повеќе од количината млеко од просечната крава. Државниот кинески медиум „Нингшија“ пишува дека клонираните животни се родени оваа година.

Кина увезува дури 70 отсто од млечните крави од странство. Во многу земји, вклучително и САД, земјоделците ги вкрстуваат расите од овие животни заради поповолни гени и особини, со крајна цел – поголемо производство на млеко или повисока отпорност на болести.

Оваа далекуисточна земја постигна голем напредок во клонирањето животни последниве години. Во 2022., кинеска компанија го создаде првиот клониран арктички волк во светот, а во 2017. кинески научници соопштија дека произвеле клонирани говеда со зголемена отпорност на говедска туберкулоза.

Прв случај од ваков вид во светот: Успешно клонирана арктичка волчица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот