Научниците велат: Едноставен тест од 20 секунди може да предвиди мозочен удар

Фото: Профимедиа

Мозочен удар се појавува кога згрутчување на крвта се заглавува во една од артериите на мозокот, блокирајќи го протокот на крв. Истражувачите веруваат дека еден тест од 20 секунди може да открие многу за мозокот на една личност, дури и да го предвиди ризикот од мозочен удар.

Истражувањето објавено во списанието „Строук“ (Stroke) покажало дека луѓето кои не можат да стојат на една нога најмалку 20 секунди имаат поголем ризик од мозочен удар или оштетување на мозокот. Тоа откритие е резултат од јапонско истражување спроведено на 1.400 субјекти. Сите мерења биле извршени додека испитаниците стоеле боси, со двете раце до телото.

Научниците утврдиле дека луѓето со благо когнитивно оштетување, особено оние со Алцхајмерова болест, се склони кон нестабилност додека стојат на едната нога, пишува „Експрес“.

„Утврдивме и дека околу една третина од луѓето со повеќе од две лезии во мозокот имаат проблеми со рамнотежата. Гледајќи ги пациентите со само една лезија на мозокот, 16 отсто од нив имале проблеми со рамнотежата“, заклучиле тие.

Уште во 2009 година, во списанието посветено на Алцхајмеровата болест е наведено дека „нерамнотежата при стоење на едната нога предвидува поголема стапка на когнитивно опаѓање“.

Лезијата значи дека мозочното ткиво покажува оштетување од повреда или болест, а предизвикува широк спектар на симптоми, вклучувајќи слабост или нарушувања на сензорите/сетилата. Клиниката Кливленд објаснува дека мозочните удари се една од најчестите причини за лезии на мозокот. Некои видови на лезии во мозокот ќе заздрават сами од себе, но други може да станат трајни или да се појават од причини кои не се излечиви.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот