Старост - Фото: pexels-matthiaszomer

Студија открива во која возраст телото почнува нагло да старее: Од овој момент сè тргнува „надолу“

Процесот на стареење е индивидуален и различен кај секоја личност. Додека некои уште во раните години забележуваат седа коса и брчки, други го задржуваат младешкиот изглед и во подоцнежна возраст. Сепак, едно научно истражување покажува дека постојат два клучни периоди во животот кога телото старее нагло. Резултатите од студијата се објавени во научното списание „Нејчр ејџинг“ (Nature Aging)пишува „Стенфорд“.

Тим научници од Медицинскиот факултет на Универзитетот Станфорд следел повеќе од 135.000 биолошки маркери кај 108 испитаници во период од неколку години. Истражувањето, предводено од професорот Мајкл Снајдер, раководител на Одделот за генетика, покажало дека значајните промени во организмот не се случуваат постепено.

Научниците анализирале параметри како способноста на телото да разградува алкохол и кофеин, метаболичките процеси, како и ризикот од развој на кардиоваскуларни заболувања. Резултатите откриле дека дури 81 отсто од молекулите поврзани со стареењето се менуваат по нелинеарен модел.

Две клучни животни пресвртници

Наместо стареењето да биде континуиран и рамномерен процес, молекуларните активности поврзани со него доживуваат нагли и забрзани промени во два јасно дефинирани периоди – околу 44-тата и околу 60-тата година од животот.

Улогата на животниот стил

Иако истражувањето не ги утврдило точните причини за овие нагли промени, научниците посочуваат дека начинот на живот во тие периоди може да има значајно влијание. Во средните години често се зголемува консумацијата на алкохол и нивото на стрес, додека со стареењето се влошува и квалитетот на сонот. Овие фактори можат негативно да влијаат врз здравјето на кардиоваскуларниот и имунолошкиот систем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот