Натпреварите во Лигата на нации ја осакатија Барселона, дури пет фудбалери се повредија

Жил Кунде/фото: EPA-EFE/ENRIC FONTCUBERTA

Натпреварите во Лигата на нации како и пријателските дуелите преставуваат вистинска ноќна мора за Барселона бидејќи тренерот Чави Ернандез остана без дури пет фудбалери.

Прв што се повреди е Роналд Араухо на настап на уругвајската репрезентација, а денеска Чави Ернандез дозна дека уште еден дефанзивец, Жл Кунде одреден период ќе биде надвор од терените.

Лекарските прегледи покажаа дека Кунде ќе паузира околу еден месец, додека Араухо би можел да биде подготвен за „Ел класиико“ и дуелот против Реал Мадрид кој е закажан за 16 октомври.

Покрај нив, се повреди и холандскиот репрезентативец Мемфис Депај кој исто така го очекува пауза од 30-тна дена.

Повреда доживеа уште еден Холанѓанец, Френки де Јонг, но тој има најлесна повреда и се очекува да биде подготвен за настап за десетина дена. Покрај нив, повреда заработи и Осман Дембеле кој допрва треба да оди на прегледа по што ќе биде познато колку време ќе биде надвор од терените.

Чави Ернандез остана без пет фудбалери во период кога Барселона во наредните две недели ќе има пеколен ритам, во Лигата на шампионите треба да игра со Интер и Баерн Минхен, додека во Ла Лига ќе игра против Реал Мадрид, Виљареал, Атлетик Билбао и Валенсија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот