Фото: Слободен печат

„НаТочак“: Скопје е хендикепиран град, не гарантира проодност на луѓето со попреченост

За луѓето со попреченост, особено тие во инвалидски колички со тркала, тротоарите знаат да бидат непремостлива препрека, како што за останатите значи бездна или амбис. Истовремено, правила дека тротоарите треба да бидат пристапни, со рампи, наместо со високи рабници имаме со децении, реагира иницијативата „НаТочак“.

„На лицата со попреченост не им треба сожалување. На лицата со попреченост им треба непопречен град. На лицата со попреченост им треба самите општини да ги почитуваат стандардите. Скопје е хендикепиран град! Скопје не гарантира ни минимални услови за независно движење. Ни на лица со попреченост, ни на деца, ни на возрасни лица“, забележува иницијативата.

Според „НаТочак“, Скопје е град каде само големите тркала имаат движење на слободен коловоз, во ниво.

„Малите тркала (велосипеди, тротинети, колички за бебиња, инвалидски колички) треба да совладуваат висински разлики на најнепријатен начин! И да возат слалом околу нелегално поставени контејнери и нелегално паркирани возила. Нашите градоначалници барем досега биле заинтересирани само за нови и само за големи проекти, за булевари, за клучки, за ‘инвестиции’, а не покажале интерес веќе изграденото да го направат пофункционално (со чест на мали исклучоци на мали потези). Тоа мора да се промени!“, посочува иницијативата.

Предлог на вело-активистите од пред неколку години, по примерот на Нови Сад, е Град Скопје, а и сите скопски општини, да издвојат специјален буџет со кој ќе се коригираат сите непристапни крстосници.

Со него, сите високи рабници на несоодветни места би се направиле слеани.

„Нема да чини премногу, а ќе направи огромна разлика во животот на илјадници граѓани“, нагласуваат од „НаТочак“.

ВИДЕО: „НаТочак“ достави десет барања до идните градоначалници

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот