НАТО да ги сфати сериозно заканите на Медведев, повикува полскиот премиер Туск
Полскиот премиер Доналд Туск ги повика Европската Унија и НАТО посериозно да ги сфатат изјавите и постапките на руските функционери, откако поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев упати нови закани по инцидентот со дронот во Романија, јавија медиумите.
Препорачано
Медведев реагираше откако дрон погоди станбена зграда во романскиот град Галац, во најсериозниот инцидент во една земја членка на НАТО од почетокот на руската инвазија на Украина. Поранешниот руски премиер и претседател рече дека Европската Унија „треба да се подготви за нови слични настани“.
„Ова ќе продолжи да се случува. Војната трае. Граѓаните на државите од Европската Унија повеќе нема да можат мирно да спијат. Ова е само почеток“, напиша Медведев на социјалните мрежи.
Осврнувајќи се на неговите изјави и на инцидентот во Романија, Туск предупреди дека руските провокации стануваат сè почести.
„Сите во НАТО конечно треба сериозно да ги сфатат овие факти и овие зборови“, изјави полскиот премиер.
На случувањата реагираше и министерот за надворешни работи на Литванија, Кестутис Будрис, кој смета дека Алијансата треба да одговори поодлучно со зголемен притисок врз Москва.
Во меѓувреме, романската министерка за надворешни работи Оана Цоиу изјави дека падот на дронот врз станбен објект во Галац ги исполнува условите за активирање на член 4 од НАТО, кој предвидува консултации меѓу земјите-членки кога е загрозена безбедноста, територијалниот интегритет или политичката независност на некоја членка на Алијансата.
Русија го повлече амбасадорот од Ерменија, ѝ се закани со „украинско сценарио“


