„Најсериозниот инцидент“ на територијата на членка на НАТО од почетокот на агресијата врз Украина
Претседателот на Романија, Никушор Дан, изјави дека синоќешниот инцидент, во кој руски дрон удри во станбена зграда во романскиот град Галац, е „најсериозниот безбедносен инцидент на територијата на Романија од почетокот на руската агресија врз Украина“.
Препорачано
По разговорот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, Дан изјави дека Руската Федерација сноси целосна одговорност.
„Целосната одговорност е на Руската Федерација, чие однесување покажува целосно непочитување на меѓународното право и безбедноста на граѓаните на членка на НАТО“, рече романскиот претседател.
Тој нагласи дека Романија мора да продолжи да соработува со НАТО за зајакнување на одбраната на источното крило на Алијансата.
„Романија е силен сојузник и нема да прифати руската агресија против Украина да ја загрозува безбедноста на романските граѓани“, рече Дан.
Романската влада соопшти дека Романија го покани рускиот амбасадор на разговор откако руски дрон. Министерката за надворешни работи Оана Тоју потврди дека дронот што се урна во десеткатна станбена зграда во раните утрински часови бил од руско потекло. Инцидентот предизвика експлозија и пожар.
„Безбедноста на Романија е наш апсолутен приоритет“, изјави Тоју на платформата X.
Таа додаде дека Букурешт формално ќе ја информира Русија за последиците врз дипломатските односи, како и ќе разговара за следните чекори на европско ниво, вклучително и нови пакети санкции.
Дан, утрово свика состанок на Врховниот совет за национална безбедност поради овој инцидент.
Чешкиот претседател Петр Павел, исто така, испрати остра реакција, велејќи дека нападот бара „силен меѓународен одговор“.
„Синоќешниот напад од руски дрон врз станбена зграда во Галати, во кој беа повредени две лица, е целосно неприфатлив. Сепак, не смееме да застанеме само на заедничка осуда“, рече Павел.
Тој додаде дека го поддржува повикот на романскиот претседател за силна реакција.
Прва реакција на НАТО откако руски дрон удри во зграда во Романија
„Русија мора јасно да разбере дека нема да толерираме вакви напади“, рече чешкиот претседател.
Унгарскиот премиер Петер Маѓар го осуди инцидентот „најостро“ и изрази солидарност со романскиот народ.
„Вчерашниот напад со руски беспилотни летала уште еднаш покажува дека единството на Европа и НАТО е поважно денес од кога било“, рече Маѓар.
Сепак, неговиот претходник Виктор Орбан го искористи инцидентот повторно да ја повика Унгарија да одржува „политика на неутралност“ кон војната во Украина.
„Овој инцидент потврдува дека војната е директна закана за соседните земји“, рече Орбан, повикувајќи ја новата влада во Будимпешта да не ја следи, како што рече, „политиката за војна што ја застапуваат делови од Европа“.
Во својата реакција, Орбан не ја осуди директно Русија.


