ВЛадимир Блажев - Панчо / Фото: Facebook

Настан во чест на Панчо: „Со насмевка ќе се потсетиме на некои од најубавите моменти од изминативе 20 и повеќе години“

По седуммесечна тешка борба, неодамна почина Владимир Блажев – Панчо, како последица на повредите здобиени во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, во кој животот го загубија 63 лица. Речиси сите членови на бендот кој настапувал во тој момент трагично загинаа, а Панчо беше последниот кој, по месеци борба, им подлегна на повредите.

Панчо беше повеќе од уметник – беше диџеј, пејач и дел од легендарното дуо „ДНК“, препознатлив по својот глас, стил и искрена енергија на сцената. Како основач на агенцијата „Sure Shotz“, зад себе остави богато музичко наследство, големи проекти и мрежа од млади таленти кои ги поддржуваше и водеше.

По неговото заминување, неговите најблиски соработници од „Sure Shotz“ организираат настан во негова чест, кој веднаш стана вирален на социјалните мрежи, доказ за тоа колку многумина го сакаа, почитуваа и ценеа.

Во објавата на социјалните мрежи, од агенцијата напишаа:

„На 11 декември (четврток), со почеток во 20 часот, во Three Kitchen & Bar, ќе му оддадеме почит на нашиот другар, брат и ментор, Панчо. Со насмевка ќе се потсетиме на некои од најубавите моменти од изминативе 20 и повеќе години и ќе кажеме збор/два за човекот кој ја создаде нашата екипа и со кого заедно поминавме низ најголемите успеси, подеми и падови. Ги покануваме сите негови пријатели, роднини, соработници и фанови на дружба исполнета со убави сеќавања и секако музика. Засекогаш П“.

Настанот не е само комеморација – тој е празнување на животот, талентот и големото срце на Панчо. На човекот кој знаеше да инспирира, да спои, да мотивира, да создаде магија на сцената и топлина меѓу луѓето.

Неговата музика останува. Неговата приказна продолжува преку сите што го сакаа. А неговото име, засекогаш ќе биде дел од нашата музичка историја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот