Наскоро Америка со своја верзија на Евровизија

Instagram
Instagram

Најголемото меѓународно музичко натпреварување „Евровизија“ ќе добие и американска верзија, а ќе почне да се емитува од следната година на „Ен-Би-Си“.

За продукцијата на „American Song Contest“ ќе биде задолжен тимот што стои зад Eвровизија, „Propagate“ и „Universal Television Alternative Studio“.

Секоја година пејачи од различни европски земји се натпреваруваат едни против други, а на крај само една држава е победник со најдобра песна во Европа.

Евровизија е долгогодишен концепт кој сега ќе има и американска верзија која ќе го продолжи трендот на претставување оригинални музички настапи во живо од секоја од 50-те држави на САД, кои ќе се натпреваруваат да го освојат гласот на земјата за најдобра оригинална песна. Во натпреварот ќе можат да учествуваат соло артисти, дуа, диџеи и бендови од различни стилови и жанрови.

Евровизија е настан организиран од Европската унија и трае веќе 65 години. Овогодинешниот настан ќе се одржи од 18 до 22 мај во Ротердам, Холандија, во две полуфинални вечери и големото финале, а нашиот претставник Гарванлиев ќе настапува во првото полуфинале, 6-ти по ред.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот