Тепачка / илустрација /

Насилници со фантомки претепале две момчиња на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари – двајца од нив снимале со телефон

Две малолетни момчиња вчера биле нападнати од насилници со фантомки на стадионот „Борис Трајковски“ во скопската населба Маџари.

„Вчера во 13:15 часот, 37-годишната Е.О. од Скопје пријави дека на подрачјето на Маџари нејзиниот малолетен син, кој бил заедно со уште двајца негови другари, кои заминале на фудбалскиот стадион ‘Борис Трајковски’ да гледаат фудбалски натпревар, бил физички нападнат од неколку лица со фантомки, најверојатно малолетници, кои употребиле и тврди предмети, а двајца од нив снимале и со телефон,“ соопшти полицијата.

Полицијата тврди дека презема мерки за расчистување на случајот.

Насилници сакале да заколат кичевчанец кај Сеферов Бунар, сега се во битолскиот затвор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот