Насилници сакале да заколат кичевчанец кај Сеферов Бунар, сега се во битолскиот затвор
Ранетиот 39-годишен човек е пренесен во болница во Скопје поради тежината на повредите
Двајца жители на Кичево се во притвор откако се обиделе со нож да убијат нивен сограѓанин и избегале, но биле фатени истиот ден, соопшти
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ј.Д.(37) и А.А.(46), двајцата од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „обид за убиство“ по член 123 од Кривичниот законик. Тие се спроведени во Казнено поправната установа „Затвор-Битола“ откако, судија на претходна постапка им одреди мерка притвор од 30 дена. Пријавените, на 04.01.2026 година во 14.45 часот, на улицата „Загорје“ во Кичево, беа лишени од слобода откако претходно, на земјен пат кај месноста „Сеферов бунар“, во близина на Кичево, со нож го нападнале Б.А. (39) од Кичево, по што избегале. Повредениот бил пренесен во Општата болница во Кичево од каде, поради сериозноста на повредите, бил префрлен во Градската општа болница „8 септември“ во Скопје“, пишува во полицискиот билтен.
При претрес во нивните домови, извршени по судска наредба, полициските службеници од криминалистичката полиција, пронајдоа ножеви, кои се одземени за натамошна постапка.


