Фото: Христијан Мицкоски / официјална Фејсбук-страница

Нашата цел е ЕУ, нема повеќе можности за идентитетски отстапки, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција со хрватскиот колега Андреј Пленковиќ, кој е во посета на Македонија, истакна дека нашата стратешка цел е да бидеме дел од Европската Унија, а притоа зборуваше и дека „нема повеќе можност за идентитетски отстапки“.

„Нема повеќе можности за идентитетски отстапки, за чекор назад кога станува збор за нашите национални одредници, колкава и да е за тоа цена. Ако тоа е цената што треба да ја платиме и покрај тоа што сме вистинскиот фронтранер, додека е оваа Влада, е подготвена да ја плати таа цена. Ако навистина билатералните процеси се тие кои треба да му судат на нашиот европски пат, тогаш ние ќе се бориме на друг начин“, рече Мицкоски.

Според него, Македонија патот кон Европската Унија го започнала пред 26 години со потпишување на договорот за стабилизација и асоцијација.

„Заедно со Република Хрватска го добивме статусот кандидати, дури ние мислам и некој месец порано. Заедно со Хрватска од страна на Европската комисија (ЕК) во 2009 година го добивме првиот позитивен извештај за да почнеме преговори. За жал, нашиот пат отиде во друга насока, односно нашето интегрирање во ЕУ се претвори во билатерализација на тој процес. Позначајни беа билатералните прашања, отколку Копенхагеншките критериуми, што создаде многу фрустрации кај нас како македонски граѓани, бидејќи цениме дека многу одамна го заслуживме нашето место во рамките на тоа семејство“, изјави тој.

Тој додаде дека „ние ќе се фокусираме на испораката дома и на реформите кои се дел од планот за раст и реформската агенда, а во јануарскиот извештај од ЕК ние сме фронтранери“.

„Најголемиот дел од средствата кои ЕУ ги дава на земјите дел од Западниот Балкан, ќе бидат исплатени кон нашиот буџет. Оваа динамика очекуваме да продолжи и со следниот извештај. Нашата стратегија е да продолжиме со реформите дома, тие ни требаат нас, како држава. Подготвени сме да го испорачаме акцискиот план за малцинство“, рече Мицкоски.

Македонија и Хрватска потпишаа Стратешки договор за соработка во транспортот, безбедноста и енергетиката

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот