НАШ ПРЕДЛОГ ЗА ФИЛМ: „I still believe“ е биографска драма за една несекојдневна љубов

Фото: IMDB

Иако премиерите за повеќето филмови во 2020 година ќе мораат да почекаат поради коронавирусот, сепак има и такви кои веќе излегоа, па гледачите ги добија и првичните впечатци за нив.

Еден од нив е и романтичната музичка драма, филмот „I still believe“, базиран на вистинска приказна, којa го следи несекојдневниот пат на американскиот музичар Џереми Камп.

Во режија на Џон и Ендрју Ервин, „I still believe“ е филм кој веројатно ќе ви измами и солзи на очите, а иако на почетокот делува како романтична комедија со провиден крај, овој филм е сепак сосема поинаков.

Фото: Принтскрин

На угледната страница на „IMDB“ ова остварување има оценка од 6.4 ѕвездички, додека на престижната страница „Rotten tomatoes“ филмот е опишан како „вистинско олицетворение на доверба и соменеж, љубов и грев, тага и надеж“.

Краток опис за филмот:

Во филмот се следи животниот пат на пејачот Џереми Камп, чија улога ја толкува актерот К.Ј. Апа. Камп е опишан како младо и амбициозно момче кое го напушта својот дом за да оди да студира во поголем град, носејќи со себе гитара која е подарок од неговите родители.

Неговиот музички талент набргу излегува на површината, па многу бргу ќе добие шанса да настапи пред сала полна со луѓе, каде ќе запознае и девојка која му го менува животот.

Фото: IMDB

Мелиса Хенинг (Брит Робертсон) е уметничка душа, личност која сите свои работи во животот ги поврзува со безусловната верба во Господ, а Камп веднаш ќе се заљуби во неа.

Иако по низа на сплетки и таа му ја возвраќа љубовта, сепак, работите не се одвиваат онака како што се очекува, па нивната приказна за жал не го доживува она клише, односно стандардниот „хепи енд“ на кој сме навикнати.

Фото: IMDB

Во продолжение на филмот следуваат и некои тешки сцени за гледање, многу солзи и болка, а истовремено и надеж и голема верба за подобро утре.

Не станува збор за типична романтична комедија, напротив, филмот е доста реален и опишува еден вистински живот за личност која до ден денеска не може да ја заборави својата прва љубов.

Погледнете го трејлерот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот