НАСА - Фото: Jim WATSON / AFP / Profimedia

НАСА го лансира првиот екипаж кон Месечината по 53 години

НАСА се подготвува за лансирање на првиот екипаж астронаути кон Месечината по повеќе од 53 години, во рамки на мисијата „Артемис два“, клучен тест-лет во пошироката програма за истражување на вселената, објави „Ројтерс“.

Тројца американски и еден канадски астронаут треба да полетаат во среда од Флорида на десетдневна мисија околу Месечината и назад, користејќи ја капсулата „Орион“ и ракетата „Систем за вселенско лансирање“.

Ова е прва мисија со екипа во рамки на програмата „Артемис“, која од 2012 година чинеше најмалку 93 милијарди долари. НАСА планира повторно слетување на Месечината во 2028 година, првпат по мисијата „Аполо 17“ од 1972 година.

Екипата ја сочинуваат астронаутите на НАСА: Кристина Кох, Виктор Гловер и Рид Вајзман, како и Канаѓанецот Џереми Хансен, кој ќе биде првиот канадски астронаут што ќе се доближи до Месечината. Учеството на Хансен е резултат на договор меѓу НАСА и Канадската вселенска агенција од 2020 година.

НАСА се потпира на соработка со компаниите „Боинг“, „Нортроп Груман“ и „Локхид Мартин“, додека „Спејсикс“ и „Блу ориџин“ развиваат сопствени лунарни летала со финансиска поддршка од НАСА. Според извештај, до 2050 година активностите на површината на Месечината би можеле да донесат приходи од 127 милијарди долари, со инвестиции меѓу 72 и 88 милијарди долари.

„Артемис два“ ќе тестира клучни системи на капсулата „Орион“, вклучувајќи поддршка за живот, навигација и комуникација. Лансирањето е закажано за 1 април, со можност за одложување до 6 април, во зависност од временските услови и техничките фактори.

НАСА планира мисијата „Артемис три“ во 2027 година да вклучи спојување на капсулата „Орион“ со лунарни летала, додека првото слетување на астронаути на Месечината е поместено за мисијата „Артемис четири“.

Скриен древен речен систем е пронајден длабоко под површината на Марс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот