Направете сами средство за отстранување на шминката (РЕЦЕПТ)

Ова средство за отстранување на шминката е сјајно и за оние кои имаат чувствителна кожа.

Не само што е тешко да се најде средство кое навистина ќе ја отстрани сета шминка, туку е тешко и да се пронајде средство кое ќе ја отстрани, а нема да ја иритира кожата.

Еве едно такво, кое можете да го направите сами дома – тоа ќе ја отстрани шминката, а кожата ќе ви биде мека и мазна. Единствено што треба да имате на ум е дека, ако имате масна или кожа склона на акни, треба малку да ја намалите количината на кокосово масло, за средството да го прилагодите на својата кожа.

Значи, за да направите средство за отстранување на шминката, потребно вие: шолја зовриена и оладена вода, лажица ипол беби шампон, лажица кокосово масло, 1-3 капки есенцијално масло од лаванда (опционо).

Најпрвин растопете го кокосовото масло додека да стане течно, а потоа помешајте го со водата, шампонот и есенцијалното масло. Сипете ја оваа мешавина во мало шишенце и протресете за состојките да се соединат.

Најдобро е ова средство да го држите на ладно и темно место, и во шишенце кое можете да го притиснете за да можете да извадите од домашното средство за чистење директно на памукот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот