Наоми Кемпбел лансираше нова хит емисија на интернет: Прва гостинка – Синди Крафорд! (ВИДЕО)

принтскрин

Наоми Кемпбел пронаоѓа нови начини да ги забавува фановите во текот на карантинот. Имено, таа оваа недела ја објави првата епизода од својата нова емисија под називот „No Filter With Naomi“, во која прва гостинка беше Синди Крафорд.

Популарните супермодели од деведесетите години на минатиот век зборуваа околу еден час за сè и сешто, а особено внимание и посветија на актуелната криза и животот во карантин.

„Изгледа дека на планетата и треба пауза“, изјави Наоми во емисијата и откри дека седењето дома воопшто не и е тешко. Синди зборуваше за неизвесноста со која се соочуваме и дека сега практично е невозможно да се прават било какви планови, бидејќи никој не знае како ќе заврши ова.

Тие две допреа и до некои малку полесни теми, како што се искуствата со фото снимањето и сеќавањето на манекенскиот живот во текот на деведесетите години од минатиот век.

Погледнете го нивниот интересен разговор во видеото подоле, а доколку сакате да ги следите сите нејзини нови емисии, заследете го нејзиниот јутјуб канал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот