Намирница која лекува од несоница и депресија

Рузмаринот (Rosmarinus officinalis) е извор на благотворното етерично масло, во чиј состав влегува камфор, цинеол, пинен. Освен тоа, содржи и горки материи, холин, танин, смола…

Нашата народна медицина најчесто го користи рузмаринот како средство за подобра циркулација на крвта, зголемување на нискиот крвен притисок. Тој, исто така, лекува слабокрвност кај деца, го поправа апетитот, благотворно делува на работата на желудникот, го закрепнува исцрпениот организам, го поправа расположението, ја намалува нервозата, напнатоста, отстранува анксиозност.

Поради позитивното влијание на циркулацијата, оваа билка исто така ги ублажува и менструалните болки и може да помогне при изостанок на менструација.

Доколку чајот од рузмарин се испие во вечерните часови ќе ја намали потребата за сон.

Прочитајте и...  Новата серија „The Queen’s Gambit“: Мистична и сексапилна шаховска игра

Чајот од рузмарин (како и облогите од рузмарин), ја ублажуват главоболката, особено онаа која настанала поради претерано психичко оптеретување.

Во случај на долготраен замор и исцрпеност, помага еликсирот од три тревки – во поголема тегла ставете еден литар црно вино, па додадете 30 грама цветови од рузмарн, 30 грама цветови од мајчина душичка и 50 грама листови од жалфија.

Оваа мешавина треба да отстои во добро затворена тегла три дена, на темно место. Потоа процедете ја содржината од теглата и пијте по една мала чашка три пати дневно после јадење.

Добро делува против исцрпеност, ја враќа силата и го подобрува расположението.

Поврзани вести

Клои Кардашијан откри дека била позитивна на коронавирус

Слободен Печат

Дневен хороскоп: Започнува прекрасен период за вас и за вашиот партнер

Слободен печат

Виц на денот: Газење

Слободен печат

Три хороскопски знаци студени како мраз: Ќе ви го скршат срцето без размислување

Слободен печат

Броиме калории: Дали ајварот ќе ве здебели?

Слободен Печат

Научник намерно се заразил со корона по вторпат: Ги проучил антителата, а заклучокот не е многу оптимистичен

Слободен печат

Остави Коментар