Најздравата житарка – Спелта: Балансиран и оптимален сооднос на корисни нутриенти

Фото: Профимедиа

Оваа житарка настаната е многу години пред денешните сорти пченица, најверојатно со природно вкрстување на одредени видови треви и природна селекција, на територијата на јужниот дел од Кафказ, а денес сè повеќе се шири низ Европа и целиот свет. Богатството од корисни нутриенти ја прави квалитетна житарка која треба почесто да ја вклучите во исхраната

Со оглед дека настанала со природно вкрстување и селекција, без употреба на пестициди и генетски инженеринг, спелтата спаѓа во најздравите житарки, со специфичен вкус на јаткасти плодови и има карактеристично цврсто, здраво зрно. Иако едно време со појавата на комерцијалните сорти пченица, спелтата почнува да паѓа во заборав, во последно време се враќа во исхраната. За нејзино одгледување не се потребни посебни услови ниту хемиски препарати бидејќи болести ретко ја напаѓаат, а не е потребно ниту посебно ѓубриво и обработка. Затоа е здрав производ кој организмот лесно го вари и не предизвикува алергии, болести и други проблеми со варењето.

Квалитетен хранлив состав

По нутритивен состав спелтата е многу побогата со витамини и минерали, во споредба со обичната пченица. Покрај тоа таа лесно се вари во системот за дигестија и добра е за исхрана на луѓето со гастроинтестинални проблеми, деца и повозрасни. Содржи глутен, но, не во оној облик како комерцијалната пченица, поради што луѓето кои се алергични на глутен, можат да го користат брашното од спелта. Благодарение на својот нутритивен состав спелатата е важен производ во исхраната на заболени од дијабетес, со проблеми со гастроинтестиналниот систем, паркинсонова болест и тн.

Освен витамини, минерали, белковини, аминокиселини, масти и целулоза, во спелатата е интересен и односот на хормони, кој е оптимален и избаланасиран, што влијае благотворно на целиот организам. Присуството на сложени јаглехидрати ја прави спелатата здрава храна за спортисти и други физички активни лица. Поради сето ова, нутриционистите советуваат дека е добро да се замени користењето обична пченица со спелта.

Фото: Профимедиа

Кафе од спелата

Брашното од спелта е многу хранливо, со специфичен вкус и мирис и има квалитетна, нежна текстура, па затоа се користи за правење здрави и квалитетни пецива, пред сè леб. Посебниот вид глутен кој го содржи, лесно се вари, не предизвикува алергии, па затоа се користи во исхраната на луѓето чувствителни на оваа состојка. Аромата на оваа житарка е специфична, па кулинарите ја препознаваат како многу ценета, има вкус на јаткасти плодови и благо чаден кашкавал. Добрата текстура на брашното овозможува лесно месење. Во продавниците можат да се најдат разни готови производи од спелта како што се макарони, кори за пита и тн. Исто така спелтата може да се користи како здрава замена за кафе- од препечени и соомелени зрна од спелта се добива кафе кое е добро за луѓето кои од разни причини не смеат да внесуваат кофеин. Брашното може да се користи за подготовка на бисквити, крекери и други грицки.

Сок од спелта

Сокот од стебленцето од спелта некои го нарекуваат еликсир на животот, а е специјален вид сок од оваа житарка кој се добива со механичко цедење на свежи, млади изданоци. Постапката е многу едноставна, неопходен е малку труд и работа, но резултатите се одлични.

За домашно подготвен сок неопходни ви се неколку работи: еколошки зрна од спелта, вода, земја за сеење, сад за сеење и машинка за рачно мелење или соковник. Зрната потопете ги во чиста вода во стаклен сад нека стојат 24 часа, за да омекне и набабри зрното. Потоа подгответе го садот за сеење, така што ќе го наполните со земја и посејте ги зрната по површината, па лесно притиснете со прстите. Треба барем до пола да се зрната под земја. Попрскајте со вода и оставете да прорти. По десеттина дена во оптимални услови при температура од 20-ина степени и адекватна влажност на земјата, спелтата ќе порасне околу 20 сантиметри, и тогаш е идеална за сечење и цедење. Сомелете ја на машинка за месо, а ако имате соковник, пропуштете ја низ него и ќе добиете поквалитетен сок. Вака приготвениот сок е богат со хранливи материи и витамини и е добар за детоксикација на организмот, како и за превентива против разни болести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот