Најубавото девојче завршило на итна операција, лекарите му го спасиле животот!

Французинката Тилан Блондо (20), која на шестгодишна возраст ја освои титулата за најубаво девојче на светот, ги загрижи своите следбеници на Инстаграм со последната објава.

Тилан објавила серија фотографии од болницата па во описот објаснила зошто завршила таму.

Пред една година, откако ѝ пукнала циста на јајчникот, завршила на итна операција. Дури и по три месеци од операцијата, Тилан почнала да чувствува страшни болки во стомакот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Thylane 🦋 (@thylaneblondeau)


„Не бев сигурна дали ќе го објавам ова, но, еве тука сме. Отпрвин, сите, вклучувајќи ме и мене, мислеа дека имам болки поради операцијата. Оваа година посетив три различни гинеколози, отидов на преглед во повеќе од четири центри за радиологија во Париз и сите ми го рекоа истото: „Не грижи се, нема ништо во стомакот. Се е во твојата глава“, напишала таа, а потоа додала дека пред четири дена завршила во итна помош.

„Стомакот ме болеше толку многу што не можев повеќе да издржам. Ме прегледаа и ми рекоа дека се е во ред, дека постои некоја мала формација и дека морам да ја проверам за 2 до 3 месеци. Ден потоа имав преглед кај неверојатниот лекар Оливие Кадох, кој ме прегледа, виде дека цистата е со големина 5, 6 сантиметри и ги допира моите јајчници, поради што ме испрати на магнетна, а еден час подоцна ми се јави и ми рече веднаш да одам во болница на итна операција. Денес конечно се чувствувам добро, особено затоа што веќе почнав да мислам дека полудувам од болките во стомакот кои, како и да не постојат. Среќна сум што бев упорна“, напишала таа, порачувајќи им на сите да се грижат за своето здравје.

„Секоја болка, дури и мала, може да скрие нешто многу поважно. Денес се чувствувам благословено и благодарно што го поминав ова искуство и многу сум им благодарна на сите лекари кои се грижеа за мене и ми помогнаа да го поминам ова“, напиша Тилан и се заблагодарила на својата мајка и на своето момче.

Бројни следбеници ѝ напишаа пораки со поддршка во коментарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Thylane 🦋 (@thylaneblondeau)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот